Вчера биле санкционирани повеќе од 150 возачи

Сообраќајна контрола / Фото: Архива на Слободен печат

Во текот на изминатиот ден (26.06.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 18 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувал возило под дејство на алкохол, 15 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач поради сторен останат прекршок.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола.

Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради не правилно престигнување, еден возач поради не давање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, четири возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 11 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатиот ден издадени се 57 мандатни платни налози и 47 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Изминатите денови се случиле 10 сообраќајни незгоди во кои две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а шест лица се здобиле со телесни повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот