Васко Ковачевски: Струјата за компаниите е многу скапа, мора да се преземат мерки

Васко Ковачевски, директор на ЕСМ / фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Не постои опасност компаниите да останат без струја, секако доколу имаат пари да ја платат, но во моментов тие се соочуваат со многу висока цена на струјата, изјави за „Слободен печат“, Васко Ковачевски, директор на ЕСМ.

Тој вели дека очекувањата се пазарот на електрична енергија да се стабилизира, но потенцира дека во меѓувреме Владата мора и ќе интервенира со мерки за санација на состојбата.

Најмалите компании, исто како и домаќинствата, се снабдуваат со струја од универзалниот снабдувач „ЕВН хоум“, но сите други одат на слободен пазар преку трговци.

– Ако некој трговец со струја се откаже од договорот, тогаш ЕВН како снабдувач во краен случај ќе ја снабди компанијата со струја. Цента по која ЕВН тоа го прави е онаа што е на унгарската берза ХУДЕКС плус 50 проценти – вели Ковачевски.

Што се однесува до домаќинствата и малите комании кои снабдуват струја од универзалниот снабдувач ЕВН хоум, тој контигент на струја целосно го обезбедува ЕСМ.

– Наша законска обврска е 70 проценти, но нашата струја е драстично поевтина од онаа на слободниот пазар и за да се заштитат домаќинствата, Владата не задолжи да вршиме 100-процентно задоволување на потребите. Правиме се што е во наша надлежност и понатаму целосно да ги задоволиме потребите на домаќинствата и на малите фирми со домашна струја – изјави Ковачевски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот