Вашингтон ја одобри испораката на тенкови Абрамс за Киев

Фото: NARA & DVIDS Public Domain Archive

САД официјално ја одобрија испораката на првата серија тенкови Абрамс во Украина, а тенковите треба да пристигнат во Украина до почетокот на есента, изјави портпаролот на американската војска Даг Буш.

„Тенковите Абрамс треба да стигнат до Европа, а потоа и во Украина, заедно со сите работи што ги следат“, рече Буш .Тенковите треба да стигнат до Европа, а потоа да бидат префрлени во Украина со муниција, резервни делови и опрема за гориво, пренесува Си-Ен-Ен.

САД почнаа да ги обучуваат украинските војници како да управуваат со тенкови во мај во Германија. 31 тенк од моделите М1-А1 наменети за Украина беа подложени на реновирање и подготовка за испорака неколку месеци и беа официјално одобрени за испорака во текот на викендот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот