Вархељ: ЕУ и Западен Балкан заедно во борбата против коронавирусот

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељ изјави дека сите партнери на ЕУ од Западен Балкан го потврдиле нивното учество во Договорот за заеднички набавки кои се однесуваат на медицинска опрема.

– Задоволен сум што сите шест партнери од Западен Балкан го потврдија учеството во Договорот за заеднички набавки, а четворица досега усвоија предлог за зелени линии со кои ќе се обезбеди проток на стоки и лекови, напиша Вархељ на Твитер.

Претставници на Европската комисија за Танјуг објасниле дека на сите партнери од Западен Балкан им било овозможено да учествуваат во заедничките европски набавки, при што досега се распишани тендери за заштитна медицинска опрема, респиратори и лабораториска опрема.

Подоцна овие набавки можат да послужат и за купување вакцини и други лекови.

Целта на овие заеднички набавки е да се добијат „подобри цени и да се обезбеди координирана испорака”. Испораката на заеднички набавената медицинска опрема ќе зависи од брзината на потпишувањето на договорите и од способноста на производителите да ја испорачаат бараната стока.

Во врска со „зелените линии”, Западен Балкан треба да се приклучи на иницијативата на Европската комисија за отстранување на пречки за превоз на стока и медицинска опрема ширум Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот