Вардар со „лесен тренинг“ пред ЛШ, Пролет славеше над Металург

Т. Пролет ја освои Автокоманда и најавува дека ќе цели високо во новата ракометна сезона/Фото: rkprolet.mk

Денеска започна новата сезона во најсилното ракометно првенство во Македонија, еден од фаворитите за титулата Вардар 1961 имаше успешен старт со убедлива победа над Скопје 2020 со резултат 48:24.

„Црвено-црните“ победнички ќе влезат во новата сезона од Лигата на шампионите, следната седмица кога гостуваат во Норвешка кај Елверум.

На денешниот дуел најефикасни во победничките редови беа Дибиров и Талески со по седум голови, а еден помалку Георгиевски. На спротивната страна пет погодоци запиша Чакалиќ, а четири Василевски.

Т. Пролет триумфално ја стартуваше новата суперлигашка сезона откако славеше на гостувањето против Металург со 22:24.

Домаќините настапија без странските засилувања од летово, а Т. Пролет знаеше како да го искористи тоа и благодарение на цврстата одбрана успеа да стигне до победата.

Пејовиќ и Голубовиќ со по пет погодоци беа најефикасни во таборот на Т. Пролет, а во екипата од Автокоманда Хорват забележа седум голови, еден помалку Петров.

Во другите средби Охрид со 29:24 беше подобар од Тиквеш, Е. Пелистер со истиот резултат триумфираше над Е. Пелистер 2, потоа скопски Бутел минимално со 28:27 го совлада Прилеп, а Струга како гостин го надигра Радовиш (19:22).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот