Вардар против Металург во финалето на Купот

фото: рквардар.мк

Екипите на Вардар и Металург ќе играат во финалето на ракометниот Куп на Македонија.
Бранителот на трофејот, Вардар, во полуфиналето од Купот, го совлада најголемиот ривал сезонава, Еурофарм Работник со 35:30.

Тимот од Битола, беше конкурентен во првиот дел кој го загуби со 16:18 и во првите пет минути од вториот дел, пред вардарци да го засилат ритамот. „Црвено-црните“во 40 минута, за прв пат поведоа со три гола разлика (24:21), и во наредните седум минути му дозволија на Еурофарм Работник да постигне само два гола (27:23) и потоа рутински до крајот ја одржуваа предноста.

Најефикасни во редовите на Вардар беа, Рожерио Мораеш, Стаж Скубе и Тимур Дибиров со по седум постигнати голови, додека Владислав Остроушко со 10 голови беше најефикасен кај Еурофарм Работник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот