Вардар без бекови во лов на првиот триумф во Киелце

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ракометарите на Вардар вечерва  (18 ч.) му гостува на добро познатиот ривал во рамките на осмото коло од Лигата на шампионите. Противник на Вардар е полскиот Киелце кој минатата недела успеа да остане непоразен во Скопје (28:28).

Полскиот тим претставува вистинска ноќна мора за вардарци кога играат на гости, во досегашните четири пресметки во ЛШ, Киелце пред своите гледачи оствари четири победи над Вардар (31:27, 27:24, 23:20 и 33:31).

Дополнителен проблем за тренерот Едуард Кокшаров освен традицијата претставуваат и проблемите со повредените играчи. Криштопанс не отпатува со екипата за Полска, од поодамна се повредени Горбок и Толедо, додекас Дисингер се повреди на дуелот со Мотор во СЕХА лигата, со што Вардар остана речиси без бекови.  Дисингер и Атман ќе бидат во тимот денеска но прашање е дали ќе настапат.

– Ние нема да запреме без разлика на составот. Ако треба ќе играме и со голмани на бековската позиција, важно е да победуваме – вели тренерот Кокшаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот