Вамен: Најголем пад на економијата во Данска од Втората светска војна

Оваа година данската економија се соочува со најголем пад од Втората светска војна, што е последица на глобалните мерки против коронавирусот, рече министерот за финансии, Николај Вамен.

– Ова е сериозно. Кризата со коронавирусот најверојатно ќе влијае врз данската економија во следните неколку години, но ние исцртавме излез од кризата и веќе ги направивме првите важни чекори, нагласи Вамен.

Во април тој изјави дека Данска се соочува со едно од „најтемните поглавја” во својата историја, додека данската Влада најави пад на економијата меѓу три и шест проценти.

Економијата во Еврозоната годинава бележи пад од 7,5 проценти. За време на финансиската криза во 2009 година, данската економија забележа пад од 4,9 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот