Вакцината „Спутник V” од јуни ќе се произведува во Италија

Фото: EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) ќе воспостави соработка со швајцарската компанија „Адиен Фарма и Биотек” за производство на вакцината „Спутник V” во Италија, изјави денеска извршниот директор на РДИФ, Кирил Дмитриев.

-Деновиве имаме разговори со италијанската Влада. Постојат многу италијански региони што изразија ентузијазам за „Спутник V” и сакаат да ја произведат вакцината, изјави Димтриев за „Раи 3″, пренесен од Тасс.

Производството на вакцината ќе помогне да се отворат нови бизниси и Италија да дојде до можност да го контролира производот.

Производството на „Спутник V” најрано може да почне во јуни, а РДИФ ќе соопшти во кои уште десет земји, освен Русија, ќе се произведува „Спутник V”. Меѓу земјите со кои рускиот фонд разговара за соработка се и Германија и Франција, додава Тасс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот