Вакцината „Астра-Зенека“ нема да се дава на жени во Бугарија под 60-годишна возраст

астра зенека
Во моментот, Министерството за здравство има на располагање 30 илјади дози вакцини од Астра Зенека, Фото: EPA-EFE/Remko de Waal

Вакцината „Астра-Зенека“ нема да се аплицира во Бугарија на жени под 60-годишна возраст со зголемен ризик од тромбоза. Сите луѓе кои ја примаат првата доза на оваа вакцина и кои немале никакви несакани ефекти, можат да се вакцинираат со иста вакцина. Ова го изјави министерот за здравство Костадин Ангелов.

– Мораме да ја завршиме имунизацијата на некој начин. Клиничките испитувања се во тек, рече бугарскиот министер за здравство.

– Тие кои не сакаат да ја примат втората доза на вакцина „Астра-Зенека“ може да добијат Фајзер, 84 денови по првата вакцина.

На луѓето кои ќе останат само со една доза нема да им се издаде потврда дека биле вакцинирани, соопштија здравствените власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот