Вакцинацијата во екс Ју републиките : Само две земји со над 50 проценти вакцинирани , едната од нив е најлоша во Европа

вакцина
Вакцинирање / Фото: Профимедиа

Додека светот се бори да го зголеми бројот на вакцинирани лица , на балканските земји не им оди баш најдобро на тоа поле. Процесот на вакцинација напредува бавно, голем број луѓе се уште не сакаат да се вакцинираат, а бројот на заразени расте од ден на ден.

Фото: МИА

Најголем процент на вакцинирани граѓани на Балканот имаат Хрватска и Словенија Во овие земји бројот на граѓани кои ги примиле двете вакцини надминува 50 отсто, а најнизок резултат има Босна и Херцеговина – со одвај 25 отсто вакцинирани жители.

Трета на оваа листа се наоѓа Србија и бележи 44,42 отсто целосно вакцинирани со 2,33 отсто од оние кои ја примиле само првата доза. Вкупната оценка на Србија е 46,75 отсто од граѓаните кои добиле вакцина . Од почетокот на пандемијата, регистрирани се повеќе од 1,2 милиони случаи со речиси 11.000 смртни случаи.

Коронавирус Вакцинација Македонија Борис Трајковски
Вакцинација против ковид-19 / Фото: EPA-EFE/

 

Четврта е Црна Гора со 39,67 отсто целосно вакцинирани граѓани. 2,64 отсто од луѓето биле делумно вакцинирани, а вкупно 42,31 отсто од граѓаните ја примиле вакцината Од почетокот на пандемијата, во Црна Гора се регистрирани 152.931 случаи на заразени, а починале 2.217 лица.

На пето место се наоѓа Северна Македонија, во која 37,68 отсто од луѓето ги примиле двете дози, а само првата ја примиле 3,99 отсто. Вкупниот процент на вакцинирани е 41,67 отсто. Бројот на заразени од почетокот на пандемијата до сега е 209.971, а повеќе од 7.300 починале.

Холандски научници измислија нов начин за вакцинација/ Фото Screenshot Youtube

Од сите земји на поранешна Југославија, Босна и Херцеговина е најлоша,во однос на процентот на вакцинирани но е и една од најлошите во цела Европа.

Само 22,08 отсто од граѓаните се целосно вакцинирани, а делумно само 3,45 отсто, па вкупниот резултат на вакцинација е само 25,53 отсто. Од почетокот на пандемијата, бројот на заразени во оваа земја достигна 265.942, додека бројот на починати е 12.113.

Кога ќе ја погледнеме секоја земја посебно и ќе ја споредиме со статистиката во Европа, ЕУ и светот, јасно е дека земјите од регионот,, имаат многу мал степен на вакцинирани во однос на останатите држави

За споредба, европскиот просек е 61, а светскиот просек е 52 отсто за целосно вакцинирани лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот