УЖАСНИ РЕЗУЛТАТИ: Речиси 10.000 квадратни километри од амазонската прашума се уништени од минатата година

Околу 9.760 квадратни километри од бразилската амазонска прашума се уништени од август 2018 година до јули 2019 година, објави бразилската национална агенција ИНПЕ.

Тоа е речиси 30 проценти повеќе отколку што беше уништено за истиот период минатата година и најголема површина на уништена прашума регистрирана од 2008 година.

Министерот за животна средина Рикардо Салес ја обвинува нелегалната економска активност за уништување на огромните простори на прашумата.

Но, активистите за животна средина сметаат дека владата на претседателот Жаир Болсонаро е одговорна бидејќи отвори огромни простори на најголемата светска прашума во комерцијална експлоатација.

„Новите податоци покажуваат дека уништувањето на амазонската прашума е целосно надвор од контрола”, нагласи Роберто Малдонадо од Светскиот фонд за заштита на природата (WWF).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот