Ужас во Кенија: Петмина рудари мртви откако се урна илегален рудник

Рудник / Фото EPA-EFE/Brais Lorenzo

Петмина рудари загинаа при уривање на илегален рудник за злато во северна Кенија, соопшти денеска полицијата.

Во соопштението се вели дека лизгање на земјиштето е причина за уривањето на рудникот во областа Дабел, во близина на границата со Етиопија. Други рудари не се пронајдени и не се знае дали бројот на загинатите е конечен.

Уште во март, кенискиот министер за внатрешни работи Китур Киндики ги забрани рударските активности во областа бидејќи судирите меѓу нелегалните рудари доведоа до смрт на седум лица.

Тамошните рударски активности се опишани како противзаконски бидејќи не е направена проценка на влијанието врз животната средина, а тунелите се слаби и пред уништување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот