Утре во Скопје посебен сообраќаен режим поради протестот на приватните автобуски превозници

Протест на приватниот автобуски превозници/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Поради протестот на приватните автобуски превозници кои најавија дека ќе паркираат над 200 автобуси на Илинденска, од МВР ја информираат јавноста дека во Скопје утре ќе има посебен сообраќаен режим.

– Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 02.12.2022 (петок) поради најавено одржување на протест со почеток во 06.00 часот, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на булеватот „Илинден“, од крстосницата на булеварот „Илинден“ со бул. „Св. Климент Охридски“ до крстосниците со бул.8-ми Септември и околните улици. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници – стои во информацијата од МВР.

Инаку, според најавите, утре точно во 6 часот наутро 200 автобуси ќе се паркираат пред Град Скопје, а возачите на приватните автобуски превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ ќе протестираат пред Град Скопје.

Протестот е организиран од страна на координаторите на приватните автобуски превозници кои веќе подолг временски период бараат исплата на заостанатите средства кои кон нив ги имаат Град Скопје односно ЈСП „Скопје“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот