Над 200 автобуси утре ќе се паркираат пред Град Скопје, од понеделник ќе се блокираат клучни крстосници

Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“/Фото: Слободен печат

Утре точно во 6 часот наутро 200 автобуси ќе се паркираат пред Град Скопје, а возачите на приватните автобуски превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ ќе протестираат пред Град Скопје.

Ова го најави првиот човек на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски кој потенцираше дека ваквата одлука била донесена од страна на координативното тело на групацијата на приватните автобуски превозници.

Според првиот човек на „Слобода превоз“ сепак сообраќајот по булеварот и покрај блокадите нема да биде во прекин бидејќи возилата ќе бидат паркирани само на едната коловозна лента.

Според Јовановски, доколку и понатаму возачите на кои им се должат огромни суми на средства се игнорираат од страна на Град Скопје односно од страна на градоначалничката Данела Арсовска, тие веќе од понеделник ќе ги радикалнизираат протестите и ќе блокираат клучни сообраќајници.

– Доколку не се седне да се преговара и не се изнајде соодветно решение донесена е одлука во понеделник, 200 автобуси целосно да ги блокираат крстосниците пред ТЦ „Мавровска“, кај Црвен крст и крстосницата на Илинденска. Блокадата ќе биде исто така од 6 часот рано наутро – дециден е Јовановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот