Утаир, една од најголемите руски авиокомпании ќе приземји третина од авионите

Авион илустрација/ Фото EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Утаир, една од најголемите руски авиокомпании ќе приземји третина од авионите

Една од најголемите руски авиокомпании, Утаир, со голема мрежа во Сибир, би можела да има една третина од своите хеликоптери надвор од употреба поради тешкотии во набавката на делови, призна генералниот директор на компанијата Андреј Мартиросов. Говорејќи на саемот за воздухопловство во Москва, тој рече дека санкциите што Западот ги воведе кон Русија по почетокот на инвазијата на Украина се одразуваат на руската економија. Руските власти претходно тврдеа дека земјата ќе може да најде замена за странски делови и други производи, потсетува АП, објави АлЏезира Балканс.

„Од хеликоптерите во оптек, флотата може да се намали за 30 проценти. Тоа главно се должи на моторите, како за хеликоптери од странско производство, така и за домашни хеликоптери кај кои моторите не се домашно производство“, рече Мартиросов. Утаир е четврта по големина руска авиокомпанија која има повеќе од 200 авиони и хеликоптери и обезбедува и редовни и чартер летови. Неговиот сообраќај е насочен кон големите нафтени полиња и рударски области во Сибир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот