Уште повкусна варијанта од здравото јадење: Запечена боранија со кашкавал

Фото: Профимедиа

Боранијата е вообичаен избор за многу домаќинки кога станува збор за подготовка на ручек, бидејќи не само што едноставно се подготвува, туку е и здрав оброк, со додаток на зеленчук. Меѓутоа, иако најчесто ја приготвуваме во чорбеста варијанта, печената варијанта е исто така многу вкусна и хранлива, а ќе им се допадне и на оние кои не се љубители на варена боранија.

Состојки:

– 450 гр боранија

– 250 гр пилешко бело месо

– 2 јајца

– 150 гр кашкавал

– 300 гр павлака

– главица кромид

– лук

– морков

– зачини

Подготовка:

Кромидот ситно исечкајте го, па динстајте го во тавче со масло. Сипете ги сечканиот морков и лукот (2-3 чешниња), па динстајте и по неколку минути додадете ја и боранијата, а потоа и зачинете.

Пилешкото пропржете го посебно, па додадете го во боранијата. Потоа, сè сипете во огноотпорен сад или плех.

Измешајте ги јајцата и павлаката, па прелијте ја боранијата. Врз боранијата изрендајте го кашкавалот.

Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот