Уште една жртва на Охридското Езеро

Охридско Езеро. / Фото: Слободен печат/Драган Митровски

Утрово во осум часот од водите на Охридското Езеро, извадено е безживотно тело на повозрасно машко лице, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.

Станува збор за 67-годишен маж чие тело утрово било пронајдено во езерото во близина на старото пристаниште.

Извршен е увид од страна на СВР Охрид и јавен обвинител за утврдување на причините за несреќата, јави Охридпрес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот