Уште еден пропаднат викенд, а време сè помалку: В. Британија и ЕУ сè уште далеку од пост-брегзит трговски договор, хаос на границите

Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Британија и Европската Унија (ЕУ) сè уште не се блиску до постигнување на пост-брегзит трговски договор, но премиерот Борис Џонсон нема намера да се откаже од преговорите, изјави британскиот министер за економија Алок Шарма.

– Ќе продолжиме да разговараме. Не ги приближивме нашите ставови, но немаме намера да им го свртиме грб. Тоа се очекува од нас, изјави Шарма за „Скај Њуз“.

Во исто време, проблемите со претстојното напуштање на Велика Британија на ЕУ на 1 јануари веќе почнаа.

На југоистокот на Англија, каде што се главните пристаништа за траектните линии и тунелските терминали што го поврзуваат островот со Европа, се формираа километри редици со камиони. Причината е советот на британските власти до големите трговски ланци за складирање на храна, бидејќи по Нова година може да има сериозни прекини во снабдувањето поради Брегзит. Нивните цени може да скокнат поради воведувањето на царински стапки од 10-15 отсто.

Анализите покажаа дека дури и ако се постигне трговски договор меѓу Лондон и Брисел, камионите, сепак, може да формираат редици од 100 километри, бидејќи ќе бидат потребни дополнителни документи и проверени.

Главниот инспектор на округот Кент, Алан Пагли предупреди дека доцнењето во преминување на Ла Манш може да трае до два дена и на сообраќајни нарушувања меѓу три и шест месеци. Некои компании започнаа со тестирање на нова шема за без придружен трансфер на стоки со фериботски врски за да се заобиколи метежот.

Британските власти организираат и експресна постапка за минување на 70 до 100 камиони на ден, кои превезуваат расиплива стока како морска храна и свежо месо.

Конечната одлука за тоа дали ќе има трговски договор меѓу Лондон и Брисел се очекуваше за време на викендот, што ќе овозможи голем дел од товарот меѓу Велика Британија и ЕУ да продолжи да се увезува и извезува без царина. Сепак, тоа не се случи.

По телефонскиот разговор меѓу премиерот Борис Џонсон и шефицата на Европската Комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен, беше објавено дека разговорите нема да престанат во обид да се постигне компромис.

– И покрај исцрпеноста и истечените рокови, веруваме дека треба да вложиме дополнителни напори, најави шефицата на ЕК.

Сепак, извори на британската влада велат дека условите во ЕУ остануваат неприфатливи, опозицијата ја критикува за неправилно преговарање со европските сојузници, користејќи минати закани како испраќање на четири воени бродови и хеликоптери за надгледување евентуални француски рибари кои ловат во британски води.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот