Урнат рекорд стар 16 години (ВИДЕО)

twitter.com/TeamUSA

Американката Мухамед запиша нов светски рекорд во дисциплината 400 метри со пречки, таа оствари време од 52.20 секунди.

Претходниот рекорд (52.34 секунди) беше во сопствен на Русинката Јулија Печонкина од 2003 година.

Четврти ден од шампионатот во САД, изборен за претстојното СП во Доха, на 200 метри славеше Ноа Лајлс со време 19.78 секунди, зад него заврши Крис Колмен, а трет Амир Веб.

Од останатите поважни резултати треба да се истакне и трката на 110 метри со пречки, во која се очекуваше победа на Грент Холовеј, кој има најдобро време на сезоната во таа дисциплина.

Но, до триумфот дојде Даниел Робертс со 13.23 секунди, а Холовеј беше второпласиран (13.36).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот