УПОЗ ја поздрави одлуката на Владата да не ги намалува платите на административците

Администрација / Фото: МИА

Административци да покажат и докажат дека лошата слика за нив е наметната и нереална и да покажат дека работат совесно, одговорно и чесно.

Владината одлука е хумана и со голема доза на солидарност се вели во денешната реакција на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ, а која се однесува на одлуката на Владата да ги прифатила нивните барања и сугестии, особено оние што се однесуваа на платите во јавниот сектор и јавната администрација.

– За Синдикатот на УПОЗ беше неприфатливо товарот на кризата да падне на грбот на работниците со тоа што сите ќе добиеја минимална плата. Вчерашната одлука на Владата на РСМ сметаме дека е хумана и со голема доза на солидарност, со што се оствари заложбата на Синдикатот, товарот на економската криза да го понесат сите, но пред сè оние со големи примања односно побогатите. Ваквата одлука истовремено покажува дека државата и во вакви кризни моменти води сметка за стандардот на граѓаните и нивната метеријална и социјална сигурност, наведе УПОЗ во допис до медиумите.

Синдикатот додава дека јавната администрација многу често неосновано и континуирано е напаѓана од поединци и од бизнис-секторот, карактеризирајќи ги вработените како неработници и затоа бара да престанат, како што пишува: „таквите неосновани напади бидејќи поединечните случаи не треба да бидат правило и сите да се ставаат во ист кош”.

Административци да покажат и докажат дека лошата слика за нив е наметната и нереална и да покажат дека работат совесно, одговорно и чесно. Само така и во иднина како Синдикат ќе можеме да се залагаме за поголеми права, услови за работа и други права од работен однос, пишува во соопштението на УПОЗ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот