Употребата на пластика ќе стане минато за Кина

Еднократната пластика ќе биде забранета и во хотелите и во поштенските служби.

Кинеската комисија за развој и реформи најави дека до 2025 година ќе воспостави систем за производство, дистрибуција, потрошувачка, рециклирање и складирање на пластичните производи.

Според нацрт планот до крајот на годината фирмите за испорака на храна во најголемите градови нема да употребуваат пластичниот прибор за јадење, додека пластичните цевчиња ќе бидат забранети во цела земја. Исто така се предвидува пред 2021 година рестораните да воведат чинии од материјали што се помалку штетни за околината.

Еднократната пластика ќе биде забранета и во хотелите и во поштенските служби.

Осум милиони тони пластичен отпад секоја година завршува во море, со што се уништува екосистемот на планетата Земја. Кина произведува 29 отсто од пластичниот отпад, додека Јангцекјанг, третата река по должина во светот, носи најмногу смет кон океанот.

Кампањата вклучува и поттик за употреба на разградлив и рециклиран пластичен материјал и собирање на отпад за преработка.

Кина во 2018 година го стопира увозот на пластичен отпад за рециклажа, а Владата најави дека ќе го забрани целосно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот