Уникатните чилеанци Föllakzoid со концерт во МКЦ

На 21 октомври, 2019 година во Младинскиот културен центар ќе се одржи концерт на еден од најуникатните бендови од Јужна Америка кој скопската публика го памти по одличниот настап на шестото издание на ЗДРАВО МЛАДИ – чилеанскиот состав Föllakzoid.

Föllakzoid почнуваат со работа пред десет години како трансерска авантура меѓу тројцата другари од најраното детство – Диего, Хуан Пабло и Доминго од Сантијаго, Чиле. Со огромни познавања за културното наследство од античката музика на Андите, овој бенд полека учи како да го усогласи ова влијание со современите звуци од нивното време, создавајќи богата, но истовремено и минималистичка атмосфера. „I“ e најновиот албум, нивно четврто издание, а трето за една од најактивните и најинтересни издавачки куќи денес – њујоршката Sacred Bones Records. За разлика од минатите изданија кои беа направени во “single take” со целиот бенд, на овој албум се работеше три месеци во изолација.

Kреативната перспектива на бендот отсекогаш била отфрлување на наративните и музичките сознанија кои ги обликуваат физичките и дигиталните формати и концепции кои се достапни, и визуелно и музички, со цел да се направи временско просторна метричка структура која го распушта авторот и наративните парадигми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот