Унгарија и задава големи главоболки на УЕФА пред одигрување на Суперкупот

epa07771331 A soccer fan in front of the Besiktas Park stadium in Istanbul, Turkey, 13 August 2019. Liverpool FC will face Englsih Premier League rivals Chelsea FC in the UEFA Super Cup final soccer match in the Besiktas Park stadium in Istanbul on 14 August 2019. EPA-EFE/ERDEM SAHIN

УЕФА започна преговори со унгарската влада по нејзината одлука да ги затвори границите поради ширење на коронавирусот и таа одлука може да ја доведе во прашање организацијата на УЕФА Суперкупот.

Европскиот шампион Баерн Минхен и победникот во Лигата на Европа, Севиља, треба да играат меѓу себе на 24. септември во Будимпешта, а според плановите на УЕФА, Суперкупот требаше да биде првиот натпревар кој ќе се игра пред ограничен број на гледачи. Меѓутоа, Унгарија денеска и официјално го затвори границите за странски државјани за да се спречи ширењето на коронавирусот и таа одлука и задава главоболки на УЕФА.

УЕФА соработува со фудбалската федерација на Унгарија како и со унгарската влада околу воведувањето на мерки со кои ќе се гарантира здравјето на сите кои ќе присуствуваат и ќе играат на Суперкупот. Потребните документи за влез во Унгарија за различни групи (играчи, официјални лица, партнери, персонал, новинари, навивачи…), исто така се дел од разговорите“, соопшти УЕФА.

Дуелот помеѓу побдниците на двете натпреварувања под капата на УЕФА воедно претставува и старт на новата сезона во европските купови.

Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Гергељи Гулаш, минатата недела изјави навивачите ќе можат да влезат во државата со два негативни ПЦР тестови и тие ќе бидат однесени директно на стадион, а потоа и на аеродром.

УЕФА од друга страна објави дека Суперкупот ќе биде првиот натпревар на кој ќе присуствуваат навивачи, и тоа највеќе до 30 проценти од капацитетот на стадионот „Ференц Пушкаш“ кој изнесува 67.215 седишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот