Украинскиот скандал и отповикувањето на Трамп не го спречуваат Помпео да го посети Киев

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Помпео од Украина ќе отпатува во Белорусија, а потоа во Казахстан, Узбекистан и на Кипар, каде на 7 јануари ја завршува својата турнеја, информираше Стејт департментот.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во петок патува во Украина, земјата која е во средина на скандалот кој веќе подолго време ги тресе Соединетите Американски Држава, а поради кој во американскиот Конгрес се води постапка за отповикување на претседателот Доналд Трамп.

Помпео од Украина ќе отпатува во Белорусија, а потоа во Казахстан, Узбекистан и на Кипар, каде на 7 јануари ја завршува својата турнеја, информираше Стејт департментот.

Државниот секретар во Киев ќе разговара со украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Помпео ќе биде највисокиот американски функционер кој ќе патува во Украина откако во септември изби украинската афера.

Доналд Трамп на 18 декември во Претставничкиот дом официјално беше обвинет за злоупотреба на власта поради тоа што летово побарал од украинските колеги да спроведат истрага за неговиот ривал од редовите на демократите, Џо Бајден, кој има највисоки шанси во ноември следната година да се судри со него во трката за Белата куќа.

Посетата на Мајк Помпео е во момент кога се смирува кризата со Москва во војната на истокот на Украина, во која учествува Киев и проруските сепаратисти.

Двете противнички страни во неделата разменија неколку стотини заробеници, што е нов знак за намалување на напнатоста која започна во апри со преземањето на власта од страна на Зеленски.

Мајк Помпео освен со министрите за надворешни работи и одбрана, ќе се сретне и со верски лидери, со претставници на цивилното општество и со истакнати лица од бизнис-сферата.

За време на своето патување во Украина и Белорусија, Помпео нема да ја посети Русија, рече еден неименуван дипломатски извор за руските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот