Украина предупредува: Членство во НАТО или нуклеарно оружје

НАТО/ Фото: Martin Bertrand / Alamy / Alamy / Profimedia

Украина предупреди дека размислува да се стекне со нуклеарно оружје за да ја зајакне својата воена позиција во конфронтацијата со Русија, ако НАТО не го прифати нејзиното барање за членство во западниот сојуз, јави ДПА.

– Или сме дел од сојуз како НАТО и исто така даваме свој придонес за зајакнување на оваа Европа, или имаме само една опција; да се вооружиме, рече украинскиот амбасадор во Германија Андриј Мелник

Зборувајќи за националното јавно радио Дојчландфунк, Мелник ја посочи можноста поранешната советска република да се обиде да набави нуклеарно оружје и средства за таа намена, од што се откажа по распадот на Советскиот сојуз во 1991 година.

– Како поинаку би можеле да ја гарантираме нашата одбрана? – праша Мелник.

Украина некогаш го поседуваше третиот по големина нуклеарен арсенал во светот, но се разоружа во 1994 година откако доби безбедносни гаранции од САД, Русија и Велика Британија.

Украина со години се обидува да започне пристапни разговори со НАТО, но секојпат досега беше одбиена. Ова прашање стана итно откако во поселеден период Русија почна да трупа војска долж границата со Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот