Украина: Oбидите на Русија да нѐ „фрли“ во мрак се неуспешни, имаме енергетски залихи за цела зима

Фото: Profimedia

Украина има доволно резерви на јаглен и гас за оваа зима, независно од руските напади врз нејзиниот енергетски систем, изјави денеска премиерот Денис Шмихал.

Тој посочи дека ситуацијата во енергетскиот сектор е тешка, но под контрола, по неколкумесечните напади со руски беспилотни летала и ракети врз критичната инфраструктура, при што беа уништени околу 40 отсто од енергетскиот систем.

„Засега сите обиди на Русија да ја фрли Украина во мрак се неуспешни”, рече Шмихал на владината седница.

“Имаме доволно резерви за да продолжиме и да ја завршиме грејната сезона во нормален режим. Околу 11 милијарди кубни метри гас се складирани во магацини за гас, а речиси 1,2 милиони тони јаглен се во складишта”, додаде тој.

И покрај невообичаено топлото време за декември и јануари, сите украински региони се соочуваат со прекин во испораките на електрична енергија. Но, операторот „Укренерго” соопшти за зголемено производство на електрична енергија оваа недела.

Шмихал рече дека Владата ја одобрила одлуката според која на државниот нафтен и гасен монопол „Нафтогас” за дополнителни набавки на гас му се доделуваат грантови од 189 милиони евра од Европската банка за обнова и развој.

Украинскиот премиер додаде дека Украина продолжува да работи со партнерите за да се забрзаат поправките за обновување на производните и дистрибутивните капацитети, да се направи енергетскиот систем помалку централизиран и да се имплементираат нови програми за енергетска ефикасност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот