Украден златен накит од починат пациент на штипското Инфективно одделение

Македонска полиција/ Фото: Миа

Кражба на златен накит од починат пациент на штипското Инфективно одделение е регистрирана во текот на вчерашниот ден.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштението до медиумите информира дека вчера во 14:17 часот во СВР-Штип вработен од обезбедувањето во Клиничка болница-Штип пријавил кражба на златен накит од починато лице на Инфективно одделение при Клиничката болница Штип.

– Според пријавеното околу 14 часот на Инфективно одделение дошле вработени од погребално да го подигнат телото на починатото лице, при што го побарале златниот накит за да го предадат на фамилијата, но од страна на засега непознато лице накитот бил одземен, се вели во соопштението од СВР-Штип.

Полицијата веќе работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот