УЕФА попушти под притисокот на Манчестер Сити и Барселона

EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Во петок се очекува жрепката за завршницата во Лигата на шампионите иако се уште не се завршени осминафиналните натпревари, но УЕФА веќе потклекна на притисоците на одредени екипи.

УЕФА попушти под притисокот и дозволи Манчестер сити и Барселона реваншите од осминафиналето да ги играат на домашен терен пред празни трибини. Манчестер сити го пречекува Реал Мадрид кој од друга страна лобираше овој натпревар да се игра на неутрален терен во Лисабон, додека Барселона го пречекува Наполи.

УЕФА сакаше реваншите да се играат во Лисабон каде ќе се одигра и завршницата во ЛШ, но поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус во Португалија им удоволи на барањата на Сити и Барселона и дозволи тие да играат на домашен терен без навивачи.

Од порано беше одлучено Јувентус на својата „Алијац Арена“ да ја брка негативата против Олимпик Лион, како и дека Баерн Минхен исто така на својата „Алијац Арена“ да го пречека Челси кого во првиот натпревар го победи со 3:0.

Реванш осминафиналните натпревари ќе се играат на 7. и 8. август, додека четвртфиналињата се на програмата на 14. и 15. август, додека финалето е закажано за 23. август на стадионот на Бенфика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот