УЕФА попушти под притисокот, и даде поддршка на ЛГБТ заедницата и го налути Орбан
Европската фудбалска федерација (УЕФА) на смени фотографијата на официјалниот Твитер налог каде сега се наоѓа грбот во боите на виножитото.
УЕФА прво им забрани на Германците да ја обојат „Алијанц“ Арената во боите на виножитото како знак на поддршка за ЛГБТ заедницата по што се најде на удар на големи критики. Денеска УЕФА се огласи преку својот официјален профил на Твитер.
— UEFA (@UEFA) June 23, 2021
„УЕФА е горда што ги носи боите на виножитото. Тоа е симбол кој промовира сè во што ние веруваме, толеранција за секого без разлика на нивната позадина, верување или пол“, го започна УЕФА своето објаснување.
Но, ваквата ситуација ги налути унгарскиот премиер Виктор Орбан кој одлучи да не присуствува на денешниот натпревар во Минхен помеѓу Германија и Унгарија и тоа поради одлуката на Германците да ја поддржат ЛГБТ заедницата.
„Некои луѓе одлуката на УЕФА да го одбие барањето на градот Минхен за осветлување на „Алијанц“ Арената во боите на виножитото за време на Евро 2020 ја протолкуваа како политичка. Спротивнино на тоа, самото барање беше политичко, поврзано со присуството на унгарската репрезентација“, стои во соопштението на УЕФА.