УЕФА: Мајсторијата на Барди во Топ 10 голови во евроквалификациите! (ВИДЕО)

facebook.com/FudbalskaReprezentacija

Енис Барди постигна прекрасен погодок во квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство 2020 година против Летонците за важни три бода и продолжување на сонот, учество на наредниот континентален собир.

Откако „црвено-жолтите“ поведоа со погодокот на Горан Пандев во 14 минута, само 180 секунди подоцна следуваше мајсторија на Барди од околу 20 метри за поставување на конечниот епилог.

Овој погодок се најде и помеѓу најубавите 10 во квалификациите за ЕП во изборот на Европската куќа на фудбалот (УЕФА).

Видео записот започнува токму со убавиот гол на Барди, погледнете и уживајте.

Нашата најдобра селекција ги одржува шансите за пласман на ЕП, наредниот дуел ќе го има во Скопје против Словенија на 10 октомври во рамките од квалификациската „Г“ група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот