УЕФА ќе го компјутеризира ждребот за групната фаза во Лигата на шампионите

Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Eвропската куќа на фудбалот, УЕФА веќе ја потврди промената на системот кој ќе се воведе од наредната сезона, а сега пристигнуваат и најави за промена за ждребот за првиот дел од натпреварувањето.

УЕФА веќе објасни како ќе изгледа новиот формат на Лигата на шампионите, групната фаза ќе ја сочинуваат 36 екипи кои ќе бидат распоредени во четири групи. Но, ова нема да биде единствена голема промена во елитното европско натпреварување.

Познатите светски медиуми пренесуваат дека ќе има револуција и за ждребот зап рвата фаза. Место традиционалното извлекување ќе гледаме само компјутерско распоредување на тимовите. Наводно, генералниот секретар Џорџо Маркети бо објаснил новитетот пред неколку новинари.

Причината поради кој што се менува е ждребот е заштеда на многу време кое би било потребно да се одредат групите за новиот формат со досегашниот стандарден ждреб. Според информациите, УЕФА веќе и постигнала договор со англиската компанија Хертфордшир која понудила компјутерска програма за решавање на комплексниот систем воведен од страна на водечките луѓе во европскиот фудбал.

Во објаснувањето се наведува дека ако се практикувал традиционалниот начин би биле потребни помеѓу три и четири часа со тоа што би се употребиле 900 топчиња за да се одреди се во групната фаза. Со компјутерскиот систем се би требало да биде завршено за 33 минути.

Традиционалниот формат на ждребот сепак би продолжил да се користи за нокаут фазата.

УЕФА објави како ќе изгледа новиот формат во Лигата на шампионите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот