Учениците многу лесно го разнесуваат вирусот

epa08376258 Ava Loughlin celebrates her 18th birthday outside her home in Avondale Estates, Georgia, USA, 21 April 2020. Ava, a senior graduating from Druid Hills High School, was given a brief car parade by neighborhood friends, prompted by social distancing practices. The spread and containment efforts of the coronavirus COVID-19 pandemic has caused disruptions to daily life across the globe. EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Коронавирусот се пренесува низ училиштата и детските одмаралишта многу полесно од тоа што досега се мислеше, покажуваат искуствата од американската сојузна држава Џорџија.

Бројките на заразени ученици се контрадикторни со тврдењето дека децата ретко се заразуваат и уште поретко ја пренесуваат заразата на други луѓе, а истражувањата направени во Џорџија покажуваат дека и асимптоматските случаи преставуваат значителен преносител на вирусот во заедницата.

Изминатата недела, кај дури 260 од вработените од најголемите училишта во Џорџија, тестовите покажаа позитивен резултат, што е голема бројка доколку се земе в предвид дека од страна на надлежните институции биле преземени сите неопходни мерки за заштита.

Еднакво вознемирувачко делуваат и искуствата од еден летен детски камп во Џорџија, каде огромен број на деца и тинејџери се заразиле со ковид-19. Во кампот имало 600 посетители, на возраст од шест до 19 години. Тестирани биле 344 од нив, а дури 260 имале позитивен наод. Загрижува фактот дека сите тестирани постојано носеле маски, држеле дистанца, а спиеле во големи и пространи спални соби, каде креветите биле одалечени на пропишаната одалеченост. Подоцежните истажувања покажуваат, дека заразените деца поминале повеќе денови од кампот.

– Податоците покажуваат дека вирусот лесно се пренесува во место со голема концентрација на млади луѓе, резултирајќи со висок степен на заразеност во сите старосни категории и покрај тоа што биле имплементирани на дело сите неопходни мерки за заштита – се вели во извештајот на Здравствениот центар на Џорџија(ЦДЦ), во кој се додава – Асимптоматската инфекција е изразена и потенцијално придонесува за забрзаното ширење на заразата. Испитувањата покажаа дека децата и тинејџерите се чуствителни на вирусот како и возрасните и претсатвуваат значителен фактор во ширењето на епидемијата.

Во моментов на сите страни од светот се дебатира дали во септември треба да се отворат училиштата. Во речиси сите земји училиштата и факултетите беа затворени уште во првиот ден од пандемијата, па фокусот беше префрлен врз повозрасните старосни категории, кои се сметаа за поризични. Веројатно и затоа научниците останаа куси за податоците, кои се однесуваат на трансмисиониот потенцијал во пренесувањето на заразата што ја поседуваат децата и тинејџерите.

Премалку податоци за децата

Уште во текот на минатиот месец, харвардскиот професор Вилијам Ханаџ објасни дека децата во поголемиот дел од светот се затворени и изолирани од своите врсници и дека тоа ги оневозможило студиите кои се базираат на нивната изложеност на вирусот.

– Додегашните искуства покажуваа состојба во домашни услови, каде ако детето е заразено, се добиваше впечаток дека е заразено од родителите или некој друг повозрасен член од семејството. На тој начин ниту едно дете не беше посечно као причинител на заразата во својата заедница. Затворањето на училиштата, како и другите мерки со кои беше овозможена дистанцата, ги оневозможи децата да бидат изложени на заразата, а со тоа и да ја шират. Затоа од досегашните искуства не можеме да извадиме никаков заклучок за тоа што ќе се случи, доколку училиштата повоторно се отворат за учениците – вели Ханаџ.

Харвардскиот професор смета дека можеби не би било проблем училиштата да се отворат во средини каде нивото на заразеност е мало.

– Доколку трансмисијата во една заедница е мала, тогаш нема потреба од тоа училиштата и натаму да не работат. Но, доколку во една средина расте бројот на заболени, тогаш полните училишта можат уште повеќе да ја усложнат ситуацијата. Но, имаме малку расположливи податоци за да бидеме сигурни. Малите деца ретко пројавуваат симптоми, а се тестираат само кога некој возрасен од семејството ќе се разболи – додава Ханаџ.

Израелското искуство се совпаѓа со тоа од Џорџија

Искуството од Џорџија е многу слично на тоа од Израел, каде отворањето на училиштата придонесе за повторно разбукнување на епидемијата.

Израел беше една од пуспешните земји во светот, која служеше како пример во првите месеци од пандемијата, откако во текот на март беа имплементирани строги мерки на здравствена заштита. Сепак, во меѓувреме мерките залабавија, а на Владата ѝ се брзаше да ги отвори училиштата уште во мај, за да нивните родители се вратат на работните места и да започнат со опоравувањето на економијата. Но до крајот на месецот заразата започна да излегува од контрола и надлежните беа приморани да затворат повеќе од 100 училишта, а повеќе од 1000 деца и наставници беа ставени во задолжителна изолација. Најпогодено беше гимназијата Рехавија од Ерусалим, каде 153 ученици и 25 наставници се заразија.

Како главен извор на заразата се смета дека е училишниот двор, каде учениците оставени без надзор не ја почитувале препораката за физичка дистанца.

– Пред влезот на училиштетот се собиравме во големи групи, каде се држевме заедно на мала дистанца – тврди еден од учениџите во гимназијата.

Владата на Израел реагираше со затворање на молови и места кои се популарни кај децата и тинејџерите, но сепак и натму голем број на училиштата работат.

– Начинот на кој нашата Влада се справуваше со епидемијата на почетокот, делуваше навистина охрабрувачко. Сепак, тоа што се случи потоа, кај мене предизвика големо разочарување – вели Анија Зуравел, жителка на Ерусалим.

Дебатата околу тоа дали децата од септември треба или не треба да се вратат во училиште и какви мерки би морало да се превземат за нивна заштита, ќе трае уште неколку дена. Наскоро ќе треба да се донесе и некакво решение, бидејќи времето за адаптација на училиштата е кусо. Искуствата од Џорџија и Израел покажуваат дека децата го разнесуваат вирусот и дека би можеле да бидат значителен причинител на ширењето на заразата во заедниците, што би можело да дојде до уште пострашни бројки во поглед на заразени и починати.

Прашање е и како ќе изгледа училишниот живот во текот на ноември, декември и јануари, кога вообачено во училиштата „царува“ сезонскиот грип и како воопшто тоа ќе оди во комбинација со ковид-19.

Сепак, бројни психолози и педагози предупредуваат дека онлајн часовите не можат да бидат замена за непосредниот контакт помеѓу учителот и ученикот, а тоа е особено важно кај помладите старосни категории.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот