Убава вест, Ериксен се појави на тренингот на Интер

EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Кристијан Ериксен го остави зад себе немилиот настан на Европското првенство и денеска го посети тренинг центарот на Интер и своите соиграчи.

Ериксен денеска имал средба со директорот на Интер, Бепе Марота и со новиот тренер Симоне Инзаги, по што присуствувал на тренингот на екипата. Според лекарите на тимот, тој се наоѓа во добра физичка и ментална состојба.

Данецот колабираше на стартот на Евро 2020, а откако лекарите успеаја да му го спасат животот на теренот, на Ериксен му беше извршен оперативен зафат со кој му беше вграден дефибрилатор кој ќе ја регулира работата на срцето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот