Убав гест на НБА: Кошаркар на Мајами ја виде својата мајка после три години! (ВИДЕО)

фото/твитер

Младиот играч од Габон (23) го напушти семејството пред седум години со цел да го продолжи школувањето во САД и оттогаш само еднаш ја видел својата мајка.

Кошаркарот на НБА клубот Мајами Хит, Крис Силва ја виде својата мајка после три години, благодарение на божиќното изненадување кое му го приреди НБА лигата.

Младиот играч од Габон (23) го напушти семејството пред седум години со цел да го продолжи школувањето во САД и оттогаш само еднаш ја видел својата мајка, Карин Минкоу Обаме.

Има ли поубаво божиќно изненадување: „Тоа е мама“ – беа зборовите на играчот Крис Силва.

Во НБА беа свесни поради таквиот податок, па раководството на оваа организација одлучи да го изненади крилниот кошаркар, така што организираа нејзино пристигнување во Мајами.

До оваа емотивна средба дојде по завршувањето на тренингот на Хитси, а Силва во тој момент не можеше да ги скрие солзите.

На 25 натпревари Силва има просек од 3.8 поени и 3.6 скокови по меч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот