Уапсени седуммина крадци од Штип, извршиле 16 тешки кражби од куќи, возила, градежен објект, продавница и од лабораторија

Апсење /Фото: Профимедиа

Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности, расчистија 16 тешки кражби од куќи, возила, градежен објект, продавница и од лабораторија во Клиничката болница Штип при крајот на минатата и почетокот на оваа година.

Како што информираа денеска од МВР, поради основано сомнение дека се сторители на делата приведени се Н.И.(23), Е.Ј.(18), С.Н.(31), А.М.(39), Н.М.(41) и двајца малолетници, сите од Штип.

Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела.

Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот