Уапсен Србин во Канада, се претставувал како исцелител: Полицијата ги разотрки неговите мрачни тајни

Оружјето пронајдено при претресот во станот на Даниел Дубајиќ, Србин кој живеел во Торонто, било наменето за понатамошно снабдување на улични банди, додека големите количини на дрога, кои се пронајдени при претресот, се наменети за дистрибуција далеку од границите на Торонто.

Даниел Дубајиќ е по потекло од Србија кој живее во Канада, изјави полицискиот службеник Доменик Синополи, коментирајќи ги деталите од истрагата, пренесува Блис.рс.

Пронајдено оружје во станот на Даниел

Полицијата во Торонто откри 65 парчиња оружје во станот во кој престојувал Дубајиќ, вклучувајќи 57 пиштоли и околу 15.000 парчиња муниција. Од 57-те пиштоли, полицијата успеала да влезе во трага на 39, од кои 37 се од САД.

Покрај оружјето, во станот на Дубајиќ е пронајдена дрога чијашто улична вредност може да достигне 18.240.000 долари, и тоа: 106 килограми кокаин, 61 килограм кристален мет, пет килограми фентанил и девет килограми МДМА.

Инспекторот Тим ​​Крон објасни на прес-конференцијата дека истрагата започнала порано оваа година, кога одредот за наркотици добил дојава.

– Како што напредуваше истрагата, добивме информација дека адресата е обележана како потенцијална локација од каде се тргува со дрога. Ова е претежно тивка област, со паркови, игралишта за деца и основни училишта – објаснил инспекторот.

– Никогаш не знаете што има од другата страна кога ќе добиете налог за претрес. Знаете зошто сте тука, но главно не знаете што ќе најдете внатре. Во овој случај, тоа беше вреден плен – објасни детективот Реј Диренцо од 22-та полициска дивизија во Торонто.

Високи полициски службеници објасниле дека станува збор за лице кое нема полициско досие, ниту пак некогаш било поврзано со наркотици или оружје. Кога полицијата му затропала на вратата, Дубајиќ не се обидел да бега или да даде никаков отпор, туку напротив соработувал мирно со полицијата.

Сопственикот на станот, Џо Бејкс, за ЦТВ Њуз Торонто изјавил дека Дубајиќ живеел таму 22 години и дека е сликар и дека плаќал сè на време.

Исцелител и дилер

Ликот на Даниел Дубајиќ, е еден од оние за кои никогаш не би рекле дека припаѓаат на криминалното подземје, барем според тоа како тој се претставувал во јавноста.

На социјалните мрежи, Даниел се претставувал како исцелител и експерт за медитација, а објавите што ги споделувал главно се засновале на духовни пораки и совети.

Историска заплена

Полицијата во Торонто исто така објави дека ова е најголемата заплена на дрога и оружје во еден ден, во историјата на оваа полиција! Тој ќе се соочи со 78 точки на обвинение и ќе биде изведен пред судот на 7 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот