Уапсен познат грчки автор, во архивата му нашле над сто видеа со детска порнографија

Фото: илустрација / Islandstock / Alamy / Alamy / Profimedia

Познатиот грчки автор на романи за деца и млади, Василис Папатеодору е под истрага од грчкото обвинителството, откако во неговата архива биле пронајдени видеа од детска порнографија.

Неверојатна приказна за 53-годишниот автор кој зад себе има голем број награди за неговите литературни дела за деца, беше објавена од страна на грчкиот медиум „Прототема“.

По истрагата која траела повеќе од еден месец, од грчкото обвинителство во неговите досиеја открија повеќе од 100 видеа со детска порнографија. Тој бил уапсен во грчкиот град Триполи, обидувајќи се да ја напушти државата.

Случајот од страна на полицијата е оценет како крајно сериозен, бидејќи се истражуваат и неговите врски со индустријата која стои зад детската порнографија, додека се разгледува можноста дали покрај преземањето на одвратниот материјал, обвинетиот имал и други активности поврзани со тоа.

Апсењето било извршено преку програмата на грчката полиција за справување со феноменот на детска порнографија, по употреба на информации добиени од странски власти, со помош на меѓународна полициска соработка.

По детална и темелна онлајн истрага, идентификуван е корисник, на грчка територија, кој добил пристап до различни веб-страници, апликации и поседувал датотеки погодни за дистрибуција со материјал за сексуална злоупотреба на малолетници.

Потоа полицијата воочила дека всушност станува збор за познатиот автор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот