Уапсен кумановец што дома чувал 45 мигранти

Полицијата вчера до ОЈО поднесе кривична пријава против двајца Пакистанци за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти
Полицијата вчера до ОЈО поднесе кривична пријава против двајца Пакистанци за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. Фото: Арбнора Мемет „Слбоден печат“/

Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 22.30 часот во Куманово го лишиле од слобода кумановецот У.Ф.(41). При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени 45 лица – мигранти, од кои 44 од Пакистан и еден од Индија.

Од МВР информираат дека тој бил приведен во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот