У17: Македонските фудбалски надежи убедливо триумфираа против Кипар

фото: ФФМ

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години, денеска го одигра првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Кипар.

Во Струмица, избраниците на селекторот Дашмир Беари одиграа одличен меч, беа подобри од противникот во текот на сите 90 минути и сосема заслужено успеаја да издвојат убедлива победа со 3:0.

Уште на стартот на натпреварот, Македонија наметна иницијатива и создаваше можности пред противничкиот гол. Подобрата игра ја крунисавме со постигнување на погодок во 26 минута од средбата. Стрелец на водечкиот гол за нашите млади фудбалери беше Албион Муслиу. Марко Киш во 33 минута постигнува нов гол за предност на полувремето од 2:0 за Македонија.

Во продолжението, на самиот старт, нов погодок за Македонија. Во 47 минута Адмир Латифи постигнува погодок и ги поставува конечните 3:0.

Македонија: Давид Илоски, Игор Ристов, Никола Ангелов, Лука Атанасовски, Емир Шаботиќ, Адмир Латифи, Каменчно Андоновски, Хисар Али, Марко Киш, Албион Муслиу, Един Етоски.

Втората контролна средба овие две репрезентации ќе ја одиграат на 24 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот