Твитер повторно го цензурираше Трамп

pixabay

Од Твитер повторно реагираа на една објава на Доналд Трамп, откако тој на социјалната мрежа тврдеше дека е имун на коронавирусот, по што беше поставено предупредување дека најавата на американскиот претседател ги крши правилата за да спречи ширењето дезинформации за ковид-19.

– Вкупниот и целосен заклучок на докторот од Белата куќа вчера. Тоа значи дека не можам да го добијам или да го ширам. Многу е убаво да се знае тоа – напиша Трамп на твитот обележан од Твитер како „кршење на правилата за ширење погрешни и потенцијално штетни информации за ковид-19“.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сега е имун на ковид-19, еден ден откако неговиот лекар објави кратко писмо во кое се вели дека веќе не е опасен за околината и не може да го пренесе вирусот.

– Се чини дека сум имун, не знам, претпоставувам долго време, можеби за пократко време, а можеби и за цел живот. Никој не знае со сигурност, но јас сум имун – изјави тој во телефонското интервју за Фокс њуз.

Во однос на имунитетот на ковид-19, сè уште има многу непознати. Не е познато точно колку долго антителата обезбедуваат заштита или колку долго може да трае имунитетот.

Трамп се пофали дека оздравел: Немам повеќе ковид-19, можам да излезам од подрум

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот