Тужба против Владата на Бугарија поради тајно палење на отпад

Две бугарски активистички групи ја обвинуваат Владата дека ја заобиколувала службената постапка за издавање на дозвола за палење на неселектиран отпад.

Бугарската Влада тајно дозволила тајно палење неселектиран отпад во три електрани на јаглен, со што ги прекршила домашните и европските закони, се наведува во тужбата поднесена до Европска комисија од правниците на еколошката група „КлајентЕрт” (ClientEarth).

Правниците од „ КлајентЕрт” и две бугарски активистички групи ја обвинуваат Владата дека ја заобиколувала службената постапка за издавање на дозвола и не ги информирала граѓаните за опасноста по здравјето и околината што произлегува од палењето на отпад во старите постројки.

– Палењето отпад без соодветни филтери е голем ризик за луѓето кои живеат во близина на електраната, изјави правничката од „КлајентЕрт”, Доминик Дојл.

Според „КлајентЕрт” електраната Бобов дол во западна Бугарија и Брикел во јужниот дел на земјата добиле строго доверлива дозвола за палење на 500.000 тони отпад во рок од шест месеци во втората половина на 2018 година.

Количеството за запален отпад е 10.000 пати поголемо од дозволеното.
Активистите тврдат дека третата електрана Република Перник добила усна дозвола за палење на отпад.

Бугарското Министерство за животна средина ниту ги потврди ниту демантираше постоењето на строго доверливите писма. Но, Министерството не ги коментираше деталите од тужбата.

– Постапките на Министерството се незаконски. Дозвола за палење на толкаво количество отпад може да се издаде по јавна расправа и советување, изјави активистката на „Гринпис Бугарија” (Greenpeace), Меглена Антонова.

Електраната Бобов Дол во април минатата година добила дозвола за употреба на гориво добиено од отпад, но „Гринпис Бугарија” пред домашните судови ја оспорува незаконитоста бидејќи претходно не е изработена студија за влијанието врз околината.

Според Меѓународната агенција за истражување на ракот, која го класифицира џагадениот воздух, Бугарија е помешу европските држави со најголема концентрација ПМ 2,5 честички. Бугарија, исто така е меѓу европските земји со најголема концентрација на јаглерод моноксид и сулфур диоксид.

Бугарското Обвинителство минатиот месец издаде наредба Министерството за животна средина да испрати инспекција во четири електрани, вклучително Бобов Дол, Брикел и Република Перник, да испитаат за наводното складирање и спалување на опасен отпад без соодветна дозвола.

Властите ја заострија и контролата на увоз на отпад и ја зајакнаа контролата врз депониите по известувањата за илегални пратки од Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот