Турската централна банка синоќа ги изврши првите трансакции со дигитални турски лири

Турска лира/ Фото: МИА

Во Турција синоќа беше извршена првата трансакција со дигитални лири, објави весникот „Хуриет”, повикувајќи се на соопштение на Централната банка.

Како дел од првата фаза од работата на проектот Дигитална турска лира, успешно беа завршени првите трансакции за плаќање.

„Во првиот квартал од 2023 година, банката ќе продолжи со тие пилот-студии што се спроведуваат заедно со засегнатите страни од областа на технологијата”, се вели во соопштението на Централната банка.

Во 2023 година се очекува голем број турски банки и компании за финансиска технологија да се приклучат на креираната платформа за дигитални лири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот