„Турканица“ во вселената, нема место за сите сателити

Сателит во вселената/ Фото: Профимедиа

Европската вселенска агенција предупредува дека во Земјината орбита има голема „турканица” и дека за да се избегнат судири или оштетувања на сателити се почесто мораат да се прават маневри, предупреди координаторот на ЕСА, Томас Рајтер.

Покрај предупредувањето дека Земјината орбита е почна со различен отпад, Рајтер кажа и дека „состојбата значително се влошила во изминатите неколку децении и дека проблемот ќе продолжи драматично да се размножува”.

-Многу отпад има од тамошните вселенски бродови, рече Рајтер на форумот посветен на работата на всленските летала во германскиот град Бремен, пренесе Хина.

Рајнер предупреди дека е успешно лансиран сателит што ќе доведе до ракидикална промена на глобалниот пристап до интернетот, но не објасни за каква промена станува збор.

Вест е и дека Русија досега во орбитата лансирала рекордни 37 сателити, додека Индија лансирала 31 сателити во вселената.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот