Турчин со „бмв“ удрил мотоциклист од Скопје

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Мотоциклист од Скопје е тешко повреден откако бил удрен од „бмв“ вчера на крстосницата од регионалниот пат Скопје–Тетово и локалниот пат с.Сарај–с.Глумово

„На 28.03.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Скопје–Тетово и локалниот пат с.Сарај–с.Глумово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.О.(21) од Република Турција, со престој во Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.Ќ.(23) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ “, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот