„Тур д`Фред“: 600 километри со велосипед до новиот клуб!

фото: твитер

Поранешниот бразилски репрезентативец ќе донира основни прехранбени производи за 4,000 семејства пред да му се приклучи на Флуминенсе.

Екс-членот на „кариоките“ го напушти Крузеиро и одлучи да се врати во Флуминенсе со најавен договор на две години.

Фред Гуедеш (36) ги изненади своите фанови во понеделник најавувајќи дека ќе вози 600 километри (од Бело Хоризонте до Рио де Жанеиро) за да му се приклучи на неговиот старо-нов клуб.

Како што најави на социјалните медиуми, поради кризата предизвикана од коронавирусот, на тој пат, кој ќе биде од хуманитарна природа, до тренинг центарот на Флуминенсе ќе донира основни прехранбени производи за 4,000 семејства.

Во својата кариера играше за Лион со кој успеа трипати да биде француски шампион, има трофеи со Флуминенсе, Атлетико Минеиро и Крузеиро, а со „кариоките“ ја освои „Копа Америка“ во 2007 година.

Бразилскиот фудбал е прекинат во март поради пандемијата на Ковид-19, и натаму нема најава за продолжување на тамошната сезона, а некои клубови во Рио започнаа со тренинзи без физички контакт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот