Трудница и нејзиното бебе починале во Келн од труење од лек: Произведувачот вели дека тој е „жртва, а не убиец“

бременост
Фото: Profimedia

Трудница од Германија на возраст од 28 години, починала по консумација на раствор на база на глукоза, кој бил правен во една фармацевтска куќа во Келн, пренесува Дојче Веле.

Според овие информации, германската Комисија за убиства ја истражува смртта на трудницата и нејзиното бебе, а според првите показатели, во растворот била пронајдена отровна супстанца.
Овој лек се продавал како тест за дијабетес во бременост.

Обдукцијата покажала дека 28-годишната жена починала отккао и откажале повеќе органи. Докторите се обиделе да го спасат бебето со итен царски рез, но нешто подоцна и тоа починало.

За овој трагиен случај полицијата ја известил доктор, кој рекол дека на уште една жена и се слошило откако го земала истиот раствор. Сепак, за среќа, таа преживеала, бидејќи навреме престанала да ја зема терапијата.

Сопственикот на фармацевтсата куќа која го произведувала растворот, Тил Фуксиус, рекол дека е „запрепастен“, додавајќи дека не може да објасни што всушност се случило.

– Јас сум жртвата, а не осомничениот – рекол Фуксиус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот