Тројца скопјани шетале со ножеви

Фото: Илустрација

Против тројцата уапсени МВР најави дека по целосно документирање на случаевите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

Скопската полиција извести дека уапсила тројца скопјани кај кои при извршен личен претрес е пронајдено ладно оружје.

Вчера во 13 часот, полициски службеници од СВР Скопје во село Црешево, при извршен преглед врз А.Д.(19) од Скопје, пронашле нож на расклопување. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје.

Само два часа подоцна, во Градскиот парк, при извршен преглед кај Ф.Б.(23) и И.Н.(25), двајцата од Скопје, пронашле два ножа на расклопување. Тие биле приведени, поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје.

Против тројцата уапсени МВР најави дека по целосно документирање на случаевите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот