Тројца пожарникари повредени во пожарот во телевизија „ВИС”

Двајца од повредените пожарникари се на лекување во струмичката болница, а еден се здобил со полесна повреда на ногата.

Синоќа околу 2 часот во пожар изгореа просториите на Регионалната телевизија „ВИС” во Струмица, а зафатени се и простории на еден текстилен погон и Социјалниот повеќенаменски центар на општина Струмица. Во пожарот полесно се повредени и тројца пожарникари, кои учествувале во гаснењето на пожарот.

Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев во гаснењето учествувале скоро сите пожарникари со сета расположива техника и по повеќе од 6 часови пожарот е ставен под контрола.

-Запрено е ширењето и сега наши екипи го контролираат местото на пожарот, рече Гудев.

Двајца од повредените пожарникари се на лекување во струмичката болница, а еден се здобил со полесна повреда на ногата.

На официјалната страница на ТВ „ВИС” информираат дека телевизијата нема да ги остави гледачите без содржини и дека екипите ќе работат и понатаму на терен. Ќе ги информираат граѓаните за се што се случпува во регионот преку официјалната веб страница, фејсбук страницата, а вестите ќе се емитуваат на официјалниот „јутјуб” канал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот