Тројца повредени во сообраќајка кај Велес

Фото: Илустрација

Вчера околу 19 часот на локалниот пат Велес – село Бузалково, на место викано „Блокови”, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „ауди” со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(31) и трактор „ИМТ-539″ без регистарски ознаки, управуван од Ш.Џ.(56), двајцата од село Бузалково.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот Ш.Џ., кој по укажаната лекарска помош во градската болница во Велес бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

Додека, деветгодишна сопатничка во тракторот и возачот Б.Н. се здобиле со телесни повреди и им била укажана помош во градската болница во Велес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот